Магазин 09. јуни 2020. / 10:11

НАСА никогаш поблиску до Сонцето

НАСА никогаш поблиску до Сонцето

Првата соларна мисија се наоѓа на позиција најблиска до површината на Сонцето односно сондата Паркер е оддалечена 18,7 милијарди километри.

Сондата Паркер на Американската вселенска агенција (НАСА) до сега петпати помина покрај Сонцето, а во текот на седумгодишната мисија треба 24 пати да навлезе со сончевата атмосфера.

Со секој нареден круг околу Сонцето сондата се повеќе продира во сончевата атмосфера, а на последниот круг во 2025 година треба да се доближи на шест милиони километри до Сонцето.

Сондата Паркер е конструирана од научниците на НАСА и е испратена во Вселената пред две години со задача да навлезе длабоко во сончевата атмосфера.

Првата соларна мисија е наречена по научникот Еуген Паркер.