НАСА објави дека 18 астронаути ќе патуваат на Месечината во склоп на мисијата Artemis, пренесе BBC.
Меѓу астронаутите се и оние кои веќе патувале на Меѓународната вселенска станица, како и нови астронаути кои никогаш не биле на вселенски мисии.
Во оваа група се и следните астронаути кои ќе одат по лунарната површина во 2024 година. Групата ја сочинуваат 9 мажи и 9 жени, а нивните имиња ги соопшти американскиот потпретседател Мајк Пенс, на настан одржан во Флорида.
Стефани Вилсон, која три пати има патувано со вселенски шатл, Кристика Кох која држи рекорд за жена со најдолг континуиран престој во вселената, Виктор Гловер кој неодамна отпатува на Станицата во капсулата Crew Dragon, се меѓу астронаутите кои наредните години ќе бидат дел од мисиите на Месечината.
НАСА планира да испрати маж и жена на јужниот пол на Месечината во 2024 година, а тоа ќе биде првото слетување од мисијата Apolllo 17 во 1972 година.
Астронаутите кои НАСА ги одбра за програмата Artemis се: Џозеф Акаба, Кајла Барон, Раџа Кари Метки Доминик, Виктор Гловер, Ворен Хобург, Џони Ким, Кристина Кох, Кјел Линдгрен, Никол А. Мен, Ана Меклејн, Џесика Меир, Џасмин Могбели, Кејт Рубинс, Френк Рубио, Скот Тингле, Џесика Воткинс и Стефани Вилосн.