Магазин 06. август 2019. / 12:12

Наркобос се маскирал како девојка во обид да побегне од затвор

Наркобос се маскирал како девојка во обид да побегне од затвор

Секретаријатот за казнено-поправни установи во Рио де Жанеиро објави фотографија и снимка од маж, идентификуван како затвореникот Клаувинио да Силва, познат како Баисињо, се маскирал како девојка во обид да побегне од затвор.

Бразилскиот шверцер на дрога и лидер на банда се обидел да побегне од затвор маскиран како неговата 19-годишна ќерка облечен во женска облека, со маска и перика на главата. Тој ја искористил приликата кога таа дошла да го посети во затвор, но бил фатен во намерата.

Полицијата разгледува кои би можеле да му бидат соучесници на Да Силва во обидот за бегство од затворот Gericinó. Да Силва беше дел од водството на Црвената команда, една од најмоќните и најопасните криминални групи во Бразил кој го контролираше шверцот на дрога во голем дел од Рио.

По неуспешниот обид за бегство, тој е префрлен во одделение со максимум обезбедување и ќе се соочи со дисциплински мерки, рекоа од управата на затворот.