Магазин 25. јануари 2021. / 12:00

Направена првата фотографија од британскиот вид на коронавирус

Направена првата фотографија од британскиот вид на коронавирус

Руските научници се први во светот кои успеаа да направат фотографија од британскиот тип на новиот коронавирус.

Научниците од „Роспотребнадзор“, руската федерална агенција и надзорниот орган за јавно здравство, први успеаа да снимат микроскопска фотографија од британската варијанта на коронавирус.

Државниот истражувачки центар „Вектор“ стана прв во светот кој ја направи фотографијата на британската варијанта на новиот коронавирус кој е изолиран од пациенти во декември 2020 година. Фотографијата од вирусот под микроскоп е направена во тек на студијата за новиот коронавирус која е во тек, вклучувајќи ги и неговите структурални карактеристики и нивно изразување во клеточни структури и експерименталните модели во користење лабораториски животни, стои во соопштението на федералната агенција.

Во соопштениео се наведува дека се развиени и ПЦР тестови кои можат да го откријат новиот тип на коронавирус кај пациентите и да се разликуваат од немутираната верзија на новиот коронавирус.