Магазин 16. март 2020. / 13:32

Наместо парфеми, „Луј Витон“ ќе произведува средства за дезинфекција

Наместо парфеми, „Луј Витон“ ќе произведува средства за дезинфекција

Сопственикот на „Луј Витон“-LVMH, ќе ги искористи производствените линии за парфеми за да започне да произведува дезинфекциони средства за раце за заштита на луѓето од корона вирусот, јавува Би-Би-Си.

Производителот на луксузни стоки изјави дека сака да помогне во решавање на проблемот со недостиг на антивирусни производи во Франција на национално ниво.

-Тие гелови ќе им бидат бесплатно доставени на здравствените власти, објави LVMH.

Во Франција досега од корона вирусот починаа повеќе од 120 лица.

-LVMH од денеска ќе ги користи производствените линии на своите парфемски и козметички брендови за да произведува големи количевства хидроалкохолни гелови, се вели во соопштението на компанијата.

Фабриките обично произведуваат парфеми и шминки за луксузни марки како „Кристијан Диор“ и „Живанши“.