Магазин 20. јануари 2020. / 09:37

Намалена видливост поради магла кон Попова Шапка

Намалена видливост поради магла кон Попова Шапка

Намалена видливост до 50 метри поради магла има на патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка, информира утрово Авто-мото сојузот на Македонија.

На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.