Велимир Абрамовиќ, еден од најпознатите филозофи во регионот наскоро доаѓа во Скопје да промовира книга.
Книгата „Тесла – еволуција на свеста на човештвото“ е ретка книга која се занимава со животот и делото на најпознатиот светски научник од нашите простори, Никола Тесла.
Според книжевните критичари, оваа книга е уникатна синтеза од биографски податоци за Тесла како и опсежни студии за неговите изуми и откритија и нивната примена во секојдневниот живот на современиот човек.
Велим Абрамовиќ важи за еден од најпознатите живи филозофи и убедливо најдобриот познавач на Тесла. Македонскиот превод на книгата наскоро ќе биде издаден и промовиран од страна на издавачката куќа „Икона“.