Засилени мерки презеде турската полиција за претстојната новогодишна ноќ. Метрополата во Истанбул ќе ја чуваат 317.112 службеници. Безбедносните мерки ќе бидат на највисоки можно ниво. По улиците низ градот ќе има 1.858 моторизирани екипи со вкупно 60.716 вработени. Ова е скоро 20% од безбедносниот персонал на должност низ цела Турција.
Вниманието на органите за спроведување на законот ќе биде особено зголемено на места како што се трговски центри, аеродроми, автобуски станици, железнички станици, пазари. Сообраќајната полиција ќе работи и со дополнителни тимови.
Еден од најголемите терористички напади во Истанбул се случи во ноќта на новогодишниот ден 2017 година. Тогаш,во еден од Топ 10 ноќни клубови во светот – Реина, 39 луѓе беа убиени а повеќе од 70 беа повредени.
До ден-денес, местото во луксузната населба Ортактои во европскиот дел на Истанбул не е исчистено од остатоци. Властите го претворија во споменик за да го покажат лицето на тероризам.