Во повеќе делови од државата врне снег, но снежна покривка се задржува само на повисоките места и на планините. Снежните врнежи се најинтензивни на Попова Шапка врнежите се поинтензивни каде што сообраќајот е благо отежнат.
Нова снежна покривка од над 17 сантиметри има во Маврово и Крушево.
за разлика од планините, во градовите врнежите се од слаб снег и дожд.
Од УХМР велат дека влажното време завршува со крајот на викендов. Веќе од утре не очекува разведрување и стабилно време, но без ветер што ќе придонесе за позагаден воздух.
Преку ден ќе има повеќе сонце, но потопло ќе биде на повисоките места, за разлика од котлините каде што ќе има појава на магла. Дневните температури во наредниот период ќе се движат во интервал од 4 до 12 степени. Стабилно време ќе има до крајот на следната работна недела, со сосема слаб ветер.