Превенцијата и силниот имунитет се клучни во борбата против коронавирусот. На најзагрозените лица им се советува да не излегуваат од дома без потреба и да избегнуваат секаков вид на контакт, но и редовно да внесуваат витамин Д.
Лекарите објаснуваат зошто витаминот Д е толку значаен во борба против овој опасен вирус:
Кај оние кои поминуваат голем дел од времето во затворен простор може да се јави недостаток на овој витамин. Со оглед дека најголемиот негов извор е сонцето, во овој случај се потребни суплементи бидејќи единствено на тој начин ќе го обезбедите во доволни количини.
Витаминот Д игра значајна улога во многу функции на организмот. Кога ќе се појави дефицит, телото станува поранливо и помалку отпорно на болести и вируси. Со редовниот внес се зајакнува имунитетот, а со самото тоа телото станува поотпорно на вируси.
Витаминот Д или уште наречен и “сончев витамин” е широко проучуван како витамин чија консумација со себе повлекува многу здравствени придобивки. Тој му е неопходен на организмот поради регулација на апсорбцијата на калциум и изградба на здрави коски, а има и позитивно влијание врз имунолошкиот систем.
Речиси и да не постои истражување кое не го утврдило неговиот позитивен ефект. Витаминот Д го намалува нивото на лошиот холестерол, помага во заштитата од шеќерни болести и заболувања на срцето, ја ублажува болката поврзана со фибромиалгија, штити од сенилна макуларна дегенерација на окото (главна причина за слепило кај постарите лица), ги ублажува симптомите на псоријаза, ја подобрува машката плодност, го намалува ризикот од кариес, рак на дебелото црево, рак на кожата, агресивен рак на дојка, рахитис, остеопороза и депресија.
Експертите препорачуваат помеѓу 400 и 800 меѓународни единици витамин Д дневно за да се задоволат потребите на организмот.