Магазин 22. април 2020. / 23:45

На Денот на планетата Земја нуркачи го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода

На Денот на планетата Земја нуркачи го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода

По повод Денот на планетата Земја, нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ , во рамки на глобалната иницијатива, го чистеа дното на езерото кај Музејот на вода, Градиште.

– Целта на овој настан е подигнување на свеста кај луѓето за чување на планетата Земја, заштита на животната средина и почиста околина, наведоа од „Амфора“.

Имено, меѓународната нуркачка асоцијација „Scuba Schools International“, која се вклучува во вакви инцијативи одбележува 50 годишен јубилеј од своето постоење.