Магазин 28. јуни 2020. / 08:16

На денешен ден пред 140 години е роден авторот на Крушевскиот манифест

На денешен ден пред 140 години е роден авторот на Крушевскиот манифест

На денешен ден во 1880 година во Крушево е роден Никола Киров Мајски, македонски револуционер и писател. Автор бил на Крушевскиот манифест.

Потекнувал од семејство со револуционерни традиции од охридското село Свиништа. Во 1902 година заминал на учителска должност во леринското село Баница. Следната година се вратил во Крушево каде го затекнало Илинденското востание во кое братучед му Никола Карев ќе стане претседател на Крушевската република, а тој ќе го состави познатиот Крушевски манифест.

Значаен е и неговиот творечки фонд со драмски остварувања и поетски ракописи, посебно делото „За Македонија“. Никола Киров Мајски починал во Софија, во длабока старост, токму на денот на Илинден, 2 август 1962 година.

Негови значајни историски трудови се  „Со поглед кон Македонија“, „Епопејата на Крушево“ и други.