Магазин 23. јануари 2021. / 19:30

На 100 илјади литри пиво му истече рокот на траење

На 100 илјади литри пиво му истече рокот на траење

Поради епидемијата на коронавирус, словенечките пиварници имаат на пазарот најмалку 100.000 литри пиво, на кое му истече рокот на траење.

Ова го објави Здружението на словенечки пивари и ја повика владата за итна помош. Станува збор за пиво во буриња кое било наменето за угостителскиот сектор и не се продава на потрошувачи.

Пиварите предлагаат ослободување од акцизите и надоместок за уништување на оваа стока, пренесува SEEbiz.

Како што истакнаа од Здружението, подготовката на пиво е една од најзагрозените индустрии во земјата, а сегашната државна помош не е доволна за опстанок, особено на помалите пиварници.

Меѓу другото, тие предлагаат укинување на акцизите за алкохолот во 2021 година, како и отплата на заостанатите побарувања од угостителскиот сектор, компензација за истечените производи бидејќи секторот за угостителство и туризам е затворен и компензација за фиксни трошоци за работење.