Од 53 базени во 17 не се знае каков е квалитетот на водата. Не правеле анализи или немале договор со Центрите за јавно здравје редовно да ја испитуваат, пренесува Сител.
Вонредниот инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат покажа дека 4 базени делумно ги задоволувале и санитарно хигиенските услови односно треба да ја подобрат состојбата со тушевите, во тоалетите, соблекувалните или просторот во објектот наменет за спорт и рекреација.
–Тоа не значи дека водата е неквалитетна, туку не се правени анализи или немаат договор за испитување на квалитетот на водата со Центрите за јавно здравје – изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ за Сител.
Инспекторите од ДСЗИ извршиле вонреден надзор и во бањите. Од 9 базени кои се користат за медицинска рехабилитација 3 не ги исполнувале основните санитарно хигиенски услови. Доколку не ја подобрат сосотојбата ќе следуваат санкции.
Целиот текст можете да го погледнете ТУКА.