Магазин 31. јули 2020. / 08:15

Муслиманите денеска слават Курбан Бајрам

Муслиманите денеска слават Курбан Бајрам

Муслиманските верници го слават празникот Курбан Бајрам, вториот најголем празник на муслиманите по Фитр Бајрам.

По молитвата, верниците го почнуваат тридневното славење, во кое почитта кон Алах се одбележува со жртвување или симболичното колење на Курбанот, обично овни, коишто потоа им се делат на сиромасите.

На првиот ден од празникот се изведува молитвата за Бајрам – Бајрам намаз, со која верниците бараат милост од Алах. Карактеристично за овој празник е принесувањето жртва – курбан која има симболика на приближување кон Бога. Обичајот го изведуваат сите кои имаат можност за тоа.

Оние кои принеле жртва, потоа раздаваат од месото на сиромашните, соседите и роднините. На овој ден се крунисува аџилакот на аџиите кои отишле да се поклонат на Светата Ќаба во Мека.

Курбан Бајрам е и празник на славење на извршувањето на петтиот исламски столб Хаџот.

Денешниот ден е неработен за граѓаните од муслиманска вероисповед.