Магазин 12. март 2021. / 11:18

Миркуловски: Ова чудо не смее да остане само добра епизода!

Миркуловски: Ова чудо не смее да остане само добра епизода!

Ова чудо не смее да остане само добра епизода!, порача ракометниот репрезентативец Филип Миркуловски, по синоќешната победа над светскиот првак Данска (33-29) која силно оддекна во ракометниот свет.

Миркуловски (37) без размислување го прифати повикот на новиот селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, кој имаше деби од соништата на селекторката функција.

Лазаров во репрезентацијата врати и дел од ракометарите, меѓу кои беше и Миркуловски.

– Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот шампион на колена. Чудо кое не смее да остане само вечерна добра епизода. Продолжуваме уште попосветено за Македонија, напиша Миркуловски.

Докажавме дека со позитивна енергија и мотивација, квалитетот на младоста измешан со нашето искуство го клекна светскиот…

Posted by Filip Mirkulovski on Thursday, March 11, 2021