Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ, Антонио Милошоски, утрината на Фејсбук објави заедничка семејна фотографија на неговото и семејството на неговиот колега, пратеникот од истата партија, Влатко Ѓорчев.
Тие се пофалија со своите многудетни семејства.
– Сончев ден за игри и дружба на Марта, Давид, Филип, Никола, Дариа, Катерина, Михаела и Илина. – напиша во прилог на фотографијата Милошоски.
Двајцата имаат по 4 деца и застапуваат класични семејни вредности и дефинирање на бракот како заедница меѓу еден маж и една жена.