Шок и неверување кај македонската јавност предизвика веста дека виолинистот Зоран Џорлев почина на 53-годишна возраст како последица од корона вирус.
Со коментари и сочувство се јавија многубројни музички имиња, како Димитар Андоновски, Александар Тарабунов, Сузана Спасовска, Жаре Бербер, Даниел Данн, Мишел Трајковски, Антонија Гиговска, Сања Гроздановска, Владимир Блажев.
Покрај нив, сочувство преку социјалните мрежи за смртта на Џорлев упатија и лидерите на двете најголеми политички партии во земјава.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоси порача дека големите никогаш не умираат.
-Човек со големо срце и добрина. Маестро големите никогаш не умираат. Слава ти, рече Мицкоски.
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во негово лично име и од име на Владата изрази искрено и длабоко сочувство за смртта на познатиот виолинист.
-Неговите виртуозни изведби и обработки на македонски народни, филмски и џез композиции ќе останат како огромно непроценливо богатство на народната ризница. Од мое лично име и од име на Владата изразувам искрено и длабоко сочувство. Нека е вечен споменот, напиша Заев на својот профил.