Божиќ е празник кој се поминува со најблиските, семејството, па така и јас, сум дома со најблиските, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во неговото интервју за Магазин на телевизија Сител во кое на граѓаните им го честиташе празникот и им посака здравје, среќа и успех.
Мицкоски додава дека на овој ден најчесто наутро оди во еден од соборните храмови, а тоа е најчесто централниот соборен храм.
– Одам со сопругата, децата мајка ми и и татко ми, а доаѓа и сестра ми и зетот, потоа на домашен ручек, мајка ми готви, рече Мицкоски.
Тој посочи дека од повеќе убави причини јануари е интересен месец за неговото семјество.
-Именден е на постариот син Јован и на другиот Антониј, едниот е на 20 другиот е на 30 јануари така кај нас јануари се празнува, кажа Мицкоски.