Магазин 27. април 2020. / 09:49

Меланија Трамп го прослави 50. роденден

Меланија Трамп го прослави 50. роденден

Сопругата на претседателот на САД, првата дама Меланија Трамп вчера го прослави 50. роденден.

По тој повод, популарната ФЛОТУС (Твитер-кратенка за „First Lady of the United States“), доби честитка и од својот сопруг, претседателот Доналд Трамп. Тој на Твитер напиша: „Среќен роденден, Меланија – нашата сјајна прва дама!”

Како што се очекуваше, тие овој ден го минаа дома, како и повеќето Американци – поради пандемијата на новиот коронавирус.

Таа на здравствените работници и децата во болниците во 10 сојузни држави во четвртокот им испрати подарок пакети – како што самата рече, „како мал знак на благодарност за нивната храброст и пожртвуваност во време на коронавирусот”.

Инаку, Меланија Трамп, како прва дама, ја промовира својата „Би-Бест“ (Биди најдобар) кампања против злоупотреба и вознемирување на интернет.