Магазин 17. јуни 2020. / 14:19

МЕДИА на филмскиот маркет во Кан 2020

МЕДИА на филмскиот маркет во Кан 2020

МЕДИА оваа година ќе биде дел од онлајн изданието на филмскиот маркет во Кан. Покрај виртуелниот павилјон, можноста да закажете состанок со претставниците на МЕДИА и поддржаните филмови кои ќе се прикажат во официјалната селекција на овогодишниот Кански филмски фестивал, МЕДИА организира и онлајн предавања кои може да ги следат и оние кои не се акредитирани на маркетот.
Предавањата ќе бидат од 23-ти до 26-ти јуни со почеток во 17 часот. Повеќе информации може да најдете на сајтот на МЕДИА Деск МК.