Американската филмска академија го соопшти списокот на филмови кои влегоа во најтесен избор за наградата „Оскар“ во девет категории меѓу кои и „Медена земја“ во дури две, пишув Екран.
Во 92. Издание за Оскар, македонскиот филм ќе се натпреварува во категоријата документарни филмови во кои влегоа 15 од првично предложени документарци.
„Медена земја“ е и еден од десетте номинирани во категоријата Меѓународен филм, порано позната како филм за странски јазици.
За номинациите гласањето почнува денеска, 2 јануари, и ќе трае до вторник, 7 јануари 2020 година.
Годинешното доделување на Оскар ќе се одржи на 9 февруари во Долби театарот во Холивуд, Лос Ангелес.