Магазин 22. февруари 2021. / 09:08

Маск објасни зошто инвестирал во биткоин, а не во неговата омилена валута

Маск објасни зошто инвестирал во биткоин, а не во неговата омилена валута

Елон Маск, шефот на Тесла, објасни зошто Тесла вложи 1,5 милијарди долари во биткоин, наместо во неговата омилена дигитална валута, dogecoin, што често е предмет на неговите твитови.

Маск, одговарајќи на луѓето на Твитер, објасни дека она што го прави Тесла не е секогаш одраз на она што го мисли.

Тој објасни дека биткоинот е „помалку глупава форма на ликвидност од готовина“ и дека неговиот потег е доволна авантура за една компанија S & P500 и дека инвестирањето во dogecoin сепак би било премногу несериозно за една од 500-те најсилни компании во светот.

Маск истакна дека тој е инженер, а не инвеститор.

– Јас дури и не поседувам акции на ниту една компанија, освен Тесла, напиша тој.

Не само што Тесла инвестираше во биткоини на почетокот на овој месец, туку компанијата објави дека наскоро ќе им овозможи на луѓето да плаќаат за своите автомобили во оваа валута.