Малиот охридски херој, Марко Пејчиновски, поради силни болки во ногата беше приморан да го прекине соло маратонот во должина од 64 километри кој го посвети на лицата со ретки болести, информира „Охрид њуз“.
По изминати 4 часа и 49 минути во водите на Охридското Езеро и минати 11 километри и 840 метри, Марко поради големи болки во ногата кои траеја еден час, го прекина подвигот.
Тој вчера околу 18 часот тргна од пристаништето во Охрид и требаше да исплива кружна трка преку езерото Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид и да ја заокружи денеска на празникот Голема Богородица на истото место од каде што тргна, во знак на поддршка на лицата со ретки болести.