Магазин 13. јануари 2019. / 18:22

Марадона е пуштен од болница по успешната операцијa

Познатиот аргентински фудбалер, Диего Марадона е пуштен од болница по успешната интервенција, која мораше да се направи поради внатрешно крвавење.

Неговиот адвокат, Матијас Морла изјави дека 58-годишниот поранешен фудбалер Марадона е пуштен дома, пренесува АП.

Тој ќе продолжи да закрепнува по операцијата дома, додаде неговиот адвокат.