Магазин 15. јануари 2021. / 17:31

Манев: Ме привлекуваат професии во кои има адреналин

Манев: Ме привлекуваат професии во кои има адреналин

Александар Манев, актуелен директор на Кроација осигурување беше  гостин во денешното издание на емисијата „Лидер на неделата“.

Лидери може да бидат оние на кои тоа им е вродено и се позитивно исфрустрирани, истакна Манев .

Може да се препознаат лидерски спостобности и кај млади деца, но понатаму треба да се негуваат и да се фокусираат бидејќи не верувам во лична среќа За жал има случаи  кај нас кога младите не ги развиваат тие способности. И важно е колку ќе вложиме труд и напор, Кога бев мал кога сакав да бидам банкар , сега да ме прашате би бил доктор, ме привлекуваат професии каде има адреналин, изјави тој.

Родителите се клучни во нашиот животен пат, јас уште од рано детство се имам профилирано, ме интересираат финансиите, секогаш банкарството ми беше омилено. Знаев дека ќе студирам економија уште од прва година средно.  Јас сакам да сум во центарот на вниманието , тоа е наш балкански темперамент , тоа било причина да бидат препознатлив и на некој начин луѓето да те перцепираат така, нагласува Манев

Во однос на лидери на кои им се восхитувам , читам различни луѓе кои успеале, но немам идоли. Мислам дека како општество и нација, ние како народ не сме дисциплинирани . Често пати читам тековно што ме интересира  и почитувам луѓе кои имаат визија и кои се дициплинирани, истакнува тој.

Добриот лидер треба да наоѓа решение, но и да носи тешки одлуки и приватно и службеник, констатира тој.