Магазин 12. јануари 2020. / 09:15

Македонските ракометари против Чешка за обезбедување пласман во следната рунда

Македонските ракометари против Чешка за обезбедување пласман во следната рунда

По драматичната победа против Украина со резултат 26-25, со којашто го отвори настапот на Европското првенство, македонската ракометна репрезентација денеска против Чешка може да го обезбеди пласманот во следната рунда.

Овој дуел се игра со почеток од 16 часот во Виена, а доколку Македонија слави против Чесите и Австрија ја совлада Украина во дуелот што го играат во 18.15 часот, тогаш по само две кола ќе биде одлучено дека Македонија и Австрија се двете репрезентации што ќе продолжат понатаму.

Тоа е посакуваниот исход за нашите ракометари, на коишто, во таков случај, ќе им преостане во последното коло против домаќинот Австрија да се борат за првото место во групата Б.