Македонската фудбалска репрезентација, вечерва во Виена ќе се бори да ги задржи барем математичките шанси за пласман на Европското првенство.
По осум одиграни кола, Македонија е трета во групата со 11 бодови, пет помалку од нашиот противник, второпласираната Австрија. Тоа значи дека со триумф вечерва против Австријците, во последното коло во вторник, ќе ни треба победа против Израел на домашен терен и пораз на Австрија на гостувањето во Летонија, за да се пласираме на Европското првенство.
Такво нешто, сепак, ќе биде тешка задача, пред се поради тоа што во нашите редови поради повреди и картони недостасуваат неколкумина првотимци, но и поради квалитетот на автриската селекција, којашто славеше во Скопје со 4-1.
Вечерашниот натпревар против Австрија почнува во 20.45 часот.