Магазин 10. февруари 2020. / 12:07

Македонија прогласена за Топ3 туристичка дестинација за 2020 година

Македонија прогласена за Топ3 туристичка дестинација за 2020 година

Македонија се најде на третото место  во рангирањето на држави што треба да се посетат во 2020 година, што го направи реномиранатаинтернет страница специјализирања за туризам и патувања, „Лонлипланет“.

Како главни причини зошто треба да се посети Македонија, „Лонлипалнет“ ги наведва неверојатната гастрономија, древните традиција и природни убавини, а го истакнува и културниот момент што го нуди „заштитениот од УНЕСКО“ регион на Охридското Езеро.

Има понуда и за љубитечите на авантурите на кои им се нуди новокреираната планинска рута „Хај Скардус Трејл“, 495 километри патека што води преку некои од највисоките предели и врвови на Македонија, Албанија и Косово.

Во рангирањето за најатрактивни туристички дестинации за годинава, пред Македонија се Бутан и Англија, а веднаш по неа Аруба и Свазиленд. Во втората петорка на земјите што вреди да се посетат се Коста Рика, Холандија, Либерија, Мароко и Уругвај.