Македонија одигра натпревар со две различни полувремиња, бевме одлични во првиот дел, но паднавме во вториот, физичката подготвеност и малиот ростер на квалитетни ракометари ја направи разликата. Загубиме од Исланд и не се пласиравме во главната фаза во Келн.
Нашата репрезентација одлично го почна натпреварот, поведовме со 4-1, но Исланд брзо се врати. Во продолжението мечот беше изедначен, тимовите се менуваа во водство, но финишот од првиот дел ни припадна нам. На одморот заминавме со предност од 13:11.
Во второто полувреме Исланд брзо ја скроти предноста, направи пресврт и го чуваше водството до крајот, ние бркавме до крајот на мечот но не успеавме да дојдеме до посакуваниот резултат.
Повторно многуте промашувања од идеални позиции и големиот број на технички грешки беа причина за поразот.
Дејан Манасков и Кире Лазаров со по пет голови беа најефикасни во репрезентацијата на Македонија. Борко Ристовски имаше солидна партија со 12 интервенции.
Остануваат уште два натпревари за македонската репрезентација, сега ќе разигруваме за од 13 до 16 позиција.