Андреј Дочински, Словенец со македонско потекло или Македонец од Словенија, сеедно, е меѓу кандидатите за член на Европски парламент од Словенечка национална партија на Змаго Јелинчич.
– Понесен од состојбата во која се наоѓа Република Македонија, како и бројните секојдневни предизвици со кои се соочува, чувствувам силна потреба од континуирани активности со цел вокализирање на македонското прашање. Многумина што веќе ме знаат мене и моите минати активности поврзани со македонската кауза, како еден од организаторите на двата протеста за поддршка на името на Република Македонија лани во Љубљана и во Крањ, како и другите заедници во Словенија, можат да посведочат за мојата посветеност на бранењето на човековите права. Претпочитам сплотено делување наспроти поделби, затоа што само така сметам дека се постигнува успех. – вели Дочински.
Инаку Дочински дипломирал на Факултет за безбедносни науки на универзитетот во Марибор, вработен е во Универзитетски клинички центар во Љубљана и е претседател на Синдикат за здравство на Словенија.