Мадона ги исплаши своите фанови паѓајќи на сцената за време на концертот во Париз.
После настапот, пејачката мораше да се движи со бастун.
За инциденторт со 61-годишната пејачка беше објавено од нејзините фанови на нејзиниот профил на Твитер. Присутните на концертот беа сведоци како Мадона се обидува да скокне на стол на крајот од нејзината позната песна „Вог“. Но, координацијата не успеа на пејачката: таа не успеа да го заврши движењето и падна на подот со сите сили, пренесува БГНЕС.
Една од танчерките, која во моментот беше во близина, се обиде да и помогне на Мадона да стане и да седне, но пејачката не успеа да ги задржи своите емоции. Подоцна беше забележана како го напушти концертот со бастун во раката.
Очигледно Мадона претрпе повреда на падот. Таа сè уште не го коментираше инцидентот.