Магазин 01. март 2020. / 23:45

Мадона мораше да го откаже концертот во Париз

Мадона мораше да го откаже концертот во Париз

Мадона во неделата вечерта мораше да го откаже концертот во Париз поради повреда, објави концертната сала во која пејачката требаше да настапи.

– Со жалење ве известуваме дека шоуто на Мадона е откажано поради повреда која подолго трае, напиша салата „Гранд Рекс“ на својата интернет страница.

Не е појаснето дали 61 годишната американска пејачка ќе биде во состојба на настапи во вечерите кои следат.

Таа во Париз би требало да остане до 11 март во склоп на нејзината турнеја „Мадам Икс Тур“ која во франсуската престолнина е последната етапа.

На концерт во четвртокот Мадона веќе имаше големи проблеми и покажуваше знаци на слабост.

Според магазинот Ла Паризиен, таа има напукнати лигаменти на колената.