Возачот на Мерцедес Луис Хамилтон победи на трката во Шпанија, негова четврта во низа на патеката Каталуња.
Британецот ја искористи пол-позицијата за да запише нов триумф. Зад него се пласира Макс Верстапен со Ред Бул, а трет беше Валтери Ботас.
Со четвртата сезонска победа возачот на Мерцедес дополнително ја зголеми предноста во генералниот пласман. До крајот на сезоната, Хамилтон очекува да го достигне рекордот на Михаел Шумахер со седма светска титула.
Луис Хамилтон, возачот на тимот на Мерцедес, стартуваше од пол-позицијата по 92-ри пат во една трка во Формула 1. Британецот вчера беше најбрз во квалификациите на патеката Каталонија во Барселона.
По една недела пауза, на крајот од август е закажана следната трка за ГН на Белгија.