Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ индексот ќе биде 8.
Утре на места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Утринските температури ќе се движат од 13 до 23 степени, а дневните од 28 до 36 степени.
Од понеделник повторно ќе биде сончево со пораст на температурите.