Светската музичка ѕвезда Лејди Гага конечно проговори за настапот на Оскарите со актерот Бредли Купер.
Познатата пејачка одлучи да објасни што всушност се случило. Гостувајќи во шоуто на Џими Кимел, мегапопуларната Гага проговори за наводната афера и за тоа што го видовме на доделувањето на Оскарите.
Социјалните мрежи се WC. Го видовте она што сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Љубовна приказна на која многу работевме“, изјавила на почетокот на разговорот Лејди Гага.
Во продолжението контроверзната пејачка објаснила дека Бредли Купер имал точна визија и идеја за тоа како се требало да изгледа.
Лицата блиски до Бредли Купер велат дека тој намерно сакал да создаде сценска поврзаност меѓу нив од двете страни на камерата.