Магазин 18. октомври 2019. / 22:00

(ВИДЕО) Лејди Гага падна од сцената во Лас Вегас

(ВИДЕО) Лејди Гага падна од сцената во Лас Вегас

При синоќешниот настап во Лас Вегас, Лејди Гага падна од сцената заедно со случајно одбраниот помошник од публиката. Tаа повика еден од своите редовни посетители на настапите… Потоа, пеејќи, му се закачи на телото обвивајќи го со нозете околу половината, па по кратко време и двајцата паднаа од работ на бината. Според очевидци, се чини, пејачката „го извлекла подебелиот крај“ оти таа падна на грб, а нејзиниот партнер врз неа. Сепак, никој не бил посериозно повреден, а Лејди Гага продолжила со настапот.