Магазин 18. април 2020. / 22:15

Кралицата Елизабета ќе го прослави 94. роденден без почесна стрелба и државни почести

Кралицата Елизабета ќе го прослави 94. роденден без почесна стрелба и државни почести

Британската кралица Елизабета Втора побарала при овогодинешната прослава на нејзиниот 94. роденден, да не се одржи почесна стрелба. Кралицата ќе го слави роденденот во вторник, на 21 април.

Причина за таквата желба на Кралицата е нејзиниот став дека таквиот чин не би бил соодветен за време на кризата предизвикана од корона вирусот.

Нејзиното величество смета дека на сила не се посебни мерки кои би овозможиле изведување на почесната стрелба, па чувствува дека тоа не е соодветно во овие околности – наведува новинарот Крис Шип на Твитер, повикувајќи се на извор од Бакингемската палата.

Новинарот додава дека ова ќе биде првпат за 68 години од владеењето на Кралицата Елизабета Втора, нејзиниот роденден да не биде одбележан на тој начин.

Шип објавува и дека Кралското семејство ја откажува и традиционалната роденденска парада и не планира да го слави роденденот на некој посебен начин.

Дополнителна причина за одлуката на Бакингемската палата оваа година да има приватна прослава е и фактот што членовите на Кралското семејство се самоизолирани на различни локации. Кралицата е во Виндзор, Принцот Чарлс во Шкотска, додека принцовите Вилијам и Хари се во Норфолк и Лос Анџелес.

Во Обединетотот Кралство има 115.229 потврдени случаи на Ковид-19, од кои починати се 15.464 луѓе.