Магазин 13. февруари 2021. / 10:46

Крадци во куќата на Анчелоти: Неговата ќерка ги ги избркала

Крадци во куќата на Анчелоти: Неговата ќерка ги ги избркала

Италијанските и англиските медиуми пренесуваат дека куќата на менаџерот на Евертон, Карло Анчелоти била мета на крадци, но и дека за време на кражбата неговата ќерка ги исплашила и ги избркала.

Инцидентот се случил во куќата на Анчелоти во Бланделсандс во Ливерпул во петокот вечерта околу 18.30 часот, а од домот бил украден сеф.

-Повикани сме во 18.35 часот и пријавено е дека двајца мажи влегле на имотот на улицата Хол Роад Ист околу 18.30. Тие биле забележани дека имаат црна облека. Станарите во куќата не се повредени, соопшти полицијата.

Локалните медиуми објавија дека менаџерот на Евертон не бил во куќата за време на кражбата, но дека неговата ќерка Катја ги исплашила разбојниците.