Пред да почнете да разгледувате што има ново на социјалните мрежи задолжително исчистете го вашиот мобилен или таблет. Корона вирусот може да преживее на мобилен телефон и до девет дена, објави светски познатиот портал „Њујорк тајмс“.
Едно германско истражување покажало дека новиот вирус што го тресе светот може долго време да опстане на метал, стакло и пластика, пренесува овој портал, а токму од вакви материјали се направени телефоните и таблетите.
Затоа телефоните треба да ги исчистиме секој пат кога се враќаме дома. Еве како треба да го направиме тоа:
Треба да земете течност што содржи 0.1 отсто натриум хипоклорит или 62 до 71 отсто етанол (ова е главна состојка на повеќето гелови што се користат за дезинфекција). Течноста треба да се нанесе на мека крпа и со лесни движења да се пребрише екранот во траење од една минута. Никако не нанесувајте директно на екранот.