Магазин 18. јули 2019. / 10:05

Коњаниците интензивно се подготвуваат за Илинден

Коњаниците интензивно се подготвуваат за Илинден

Дваесет коњаници се избрани на конкурсот за пријавување учесници на традиционалниот Илинденски марш што оваа година ќе се одржи по 41-ви пат, под покровителство и финансиска поддршка од општина Аеродром и Град Скопје.

Коњаниците почнаа интензивни подготовки покрај кејот на реката Вардар, пренесе Прес24.

Коњаничкиот марш како и секоја година ќе стартува на 27 јули од општина Аеродром, а ќе заврши на 2-ри август во Крушево, каде што коњаниците ќе се приклучат кон прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.

Инаку, организатор на манифестацијата е Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.