Магазин 14. јуни 2019. / 10:24

Колони возила чекаат да влезат во Грција

Колони возила чекаат да влезат во Грција

На граничниот премин „Богородица“ уште од синоќа, а особено денеска има колони возила поради продолжениот викенд.

Од дежурната гранична служба изјавија дека во овие моменти автопатот е полн со автомобили до казиното „Принцес“ и дека за поминување на границата кон Грција се чека од 40 до 50 минути и покрај тоа што автомобилите границата ја минуваат низ сите шест сообраќајни ленти.

И на другата страна од границата состојбата е речиси иста.