Ако размислувате да дадете над 1000 евра за новите Ајфон модели, не можете, а да не се прашате колку чини да се произведее и колку Ејпл заработува?
Ова не е тешко да се провери бидејќи секоја година стручњаците од сајтот „iFixit“ ги расклопуваат новите модели како би дознале колку навистина чинат во основа вградените компоненти.
Кога е во прашање Ајфон Про Макс, најскапиот дел е екранот кој чини 66,50 долари.
Батеријата чини 10,50 долари, додека тројната Ејпл камера чини околу 73,50 долари.
Остатокот од телефонот, процесорот, модемот и меморијата, како и матичната плоча на која се наоѓа, чини околу 159 долари.
Останатите сензори, кабли и слични работи се дополнителни 181 долари.
Вкупната цена на овој Ајфон модел изнесува 490,50 долари. Тоа е значително помалку од продажната цена, но треба да се земе во обзир дека во прашање е список на опрема.
Цената на уредот како што е Ајфон вклучува и трошоци за развој, производство, склопување, софтвер и многу други работи кои значително може да ја крене цената.
А одредувањето на цената на ваквите работи е малку потешка работа.
Сепак, станува збор за поприлична разлика за основната верзија на телефонот. Дали вреди, зависи од вас.