Магазин 30. јануари 2020. / 15:00

КК Работнички: Не напушти најголемиот и единствениот репрезентативец на Југославија

КК Работнички: Не напушти најголемиот и единствениот репрезентативец на Југославија

Целата своја играчка кариера Благоја Георгиевски ја помина во синонимот за македонската кошарка. За екипата од Градски парк играше 16 години, од 1968 до 1984 и преку неа влезе во југословенската репрезентација.

Никогаш не ја криеше својата љубов кон Работнички, кога на клубот не му одеше, со своите поранешни соиграчи, постојано беше на располагање за совет за помош.

Не напушти најголемиот … не напушти единствениот репрезентативец на Бивша Југославија. Не напушти најголемиот играч на Работнички. Поголемиот дел од својата кариера ја посвети на Работнички. За Буштур Работнички беше прва и единствена љубов. Почивај во мир , легендо секогаш ќе се сеќаваме на тебе … искрено сите фанови и симпатизери на Работнички, напиша КК Работнички на нивната Фејсбук страна.