Магазин 02. јуни 2019. / 11:59

Карачиќ e пријавен за големото финале на Лигата на шампионите!

Карачиќ e пријавен за големото финале на Лигата на шампионите!

Двајцата тренери Роберо Гарсија Парондо и Давид Дејвис ги пријавија тимовите за финалето на Лигата на шампионите попладнево во Келн. И покрај проблемите по полуфиналните натпревари, во официјалниот протокол се најдоа повредените Карачиќ кај Вардар и Наѓи и Штербик кај Веспрем.

Дали се работи за претактика или пак реална е опцијата да настапат ќе видиме попладнево. Првично, повредата на Штербик е посериозна, додека Карачиќ има реални опции да настапи. Финалето ќе го судат Германците Гепег и Хелбиг, а делегат на ЕХФ е Марко Треспиди од Италија.