Канскиот филмски фестивал, што е закажан да се одржи меѓу 11 и 22 мај, поради пандемијата со корона вирусот може да биде презакажан за летото, велат организаторите.
Гласноговорникот на организаторот изјави дека фестивалот сигурно ќе се одржи, но дека може да се премести во периодот помеѓу крајот на јуни и крајот на јули.
Фестивалот беше откажан минатата година, додека слични настани во Берлин и Венеција се одржуваа со строги мерки против ширењето на вирусот корона.