Магазин 11. јуни 2020. / 08:47

Календар на МПЦ: Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Календар на МПЦ: Денеска е Преподобна маченичка Теодосија

Света Теодосија била родум од Цариград, од богато семејство. Татко и умрел уште додека Теодосија била на седумгодишна возраст. Мајка и уште од малечка ја дала да се воспитува во манастир.  Теодосија пораснала, го засакала подвижничкиот живот и не сакала да го напушти манастирот.

Нејзиното страдање паѓа во времето на иконоборечкиот император Лав Исавриецот (717-741). Света Теодосија била затворена и мачена поради нејзината ревност во одбраната на правоверното учење за почитувањето на ико¬ните, а најпосле и погубена во 730 година.