Симптомите кај новиот сој на коронавирусот, кој најпрво беше откриен во Британија, малку се разликуваат од досега познатите.
Почесто се појавуваат симптоми како кашлица, болки во грло, замор и болки во крајници, додека загубата на сетилото за мирис и вкус, сметана за карактеристична за нормалната варијанта на корона вирусот е поретка.
Според британската Служба за национална статистика, истражување, спроведено меѓу 6.000 случајно избрани Британци со позитивен тест на коронавирус, заклучува дека новата мутација до истиот степен ги предизвикала истите симптоми како главоболка, отежнато дишење, вознемиреност и повраќање.
Новиот сој, откриен во Велика Британија, кој се води со ознаката В.117 се пренесува со 30 до 70% побрзо од досега познатите. Во однос на смртноста, иако се уште нема детални студии, проценките на експертите се дека и во тој сегмент оваа мутација може да биде поопасна.