Магазин 11. април 2020. / 10:00

Каква треба да биде грижата за психичкото здравје во услови на пандемија?

Каква треба да биде грижата за психичкото здравје во услови на пандемија?

Грижата за психичкото здравје е исто толку важно како и грижата за физичкото здравје во услови на пандемија со корона вирус, вели Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија која е дел од тимот на Клиниката за психијатрија кои работат на линиите за прва психолошка помош.

Стручните лица потенцираат дека физичката изолација не треба да  се идентификува со социјалното дистанцирање, и дека и во оваа ситуација треба да се пронајдат креативни и практични решенија за дружење и за лесни физички активности во моментите кога воведените мерки го дозволуваат тоа, или за време на забраната за движење кога социјалното дружење може и треба да се остварува преку интернет и социјалните мрежи.

-Стрвот, вознемиреноста, и  напнатоста се разбирливи од стравот од непознатото и одговорот на оваа ситуација може да биде дневна доза за оптимизам, разговори, како и да се користат интернетот и другите медиумски извори каде што можат да се најдат содржини, како и содржини кои нудат одредени едукативни содржини на кои граѓаните можат да им се посветат во периодите на изолација, истакнува Маријана Станковиќ, специјалист по медицинска психологија и когнитивно бихевиорален консултант.

Од оваа ситуација додава таа, треба да се изведат позитивните придобивки како што е поголемото квалитетно време кое во оваа ситуација им се отвори како можност на членовите на семејствата, кое треба да се искористи за меѓусебна поддршка и охрабрување кое како резултати може да ги зацврсти врските и довербата.