Магазин 06. април 2020. / 16:39

Каде во автомобилот најмногу се задржува корона вирусот?

Каде во автомобилот најмногу се задржува корона вирусот?

Воланот, менувачот, копчињата, кваките на вратите и седиштата се петте места во секој автомобил кои најчесто се допираат со рацете и за кои е потребна редовна дезинфекција.

Ваков апел пристигна од лекарите кои тврдат дека токму на овие површини најчесто се задржува корона вирусот. Тие наведуваат дека и детското седиште во автомобилот припаѓа во оваа критична група.

Како што советуваат експертите, потребна е секојдневна дезинфекција со хируршки алкохол на овие шест точки во автомобилот, а принципот на чистење е едноставен: избришете ги површините со крпа натопена со алкохол, или, пак, испрскајте ја внатрешноста на возилото со алкохол, а потоа избришете ја со сува крпа.